Утрински Весник
Македонија

Ковачевски- Рот: Цврста поддршка од Бундестагот за евроинтегративниот процес, уставните измени ќе ја обезбедат европската иднин

Ковачевски- Рот: Цврста поддршка од Бундестагот за евроинтегративниот процес, уставните измени ќе ја обезбедат европската иднин

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот, Михаел Рот.

dobivaj vesti na viber

На состанокот се разговараше на повеќе актуелни теми, меѓу кои и претстојниот процес на усвојување на уставните измени.

Претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот, Рот ја потврди цврстата поддршка на Германија за Северна Македонија на патот на евроинтеграциите и оцени дека сега е време државата да продолжи одлучно напред се до исполнување на стратешката цел-членство во Европската Унија.

Северна Македонија треба да ја препознае важноста на историскиот момент пред којшто се наоѓа и затоа од пресудно значење е да се направи исчекор во евроинтеграцискиот процес кој за граѓаните ќе обезбеди сигурна европска иднина.

Претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот, Рот потенцираше дека Германија гледа на Северна Македонија како неизоставен дел од Европската Унија, земја чии аспирации и напредок заслужено треба да бидат наградени со членство во големото европско семејство.

На состанокот, премиерот Ковачевски изрази огромна благодарност за долгогодишната континуирана поддршка од Германија, поздравувајќи го носењето на Резолуцијата која ја донесе германскиот Бундестаг за Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски подвлече дека длабоко ја цениме Резолуцијата на германскиот Бундестаг со којашто се потврдува недвосмислената поддршка на Северна Македонија за приклучување кон ЕУ со сопствен македонски идентитет, јазик, култура и историја како дел од европскиот мозаик.

На средбата, беа препознаени и поздравени напорите на Владата на Република Северна Македонија во имплементација на реформските процеси во насока на подобрување на состојбите во сите сфери на општественото живеење.

На средбата беше потенцирано дека треба да постои свесност кај сите парламентарни политички партии за обединување околу исполнувањето на заедничката стратешка цел- членството на Северна Македонија во Европската Унија бидејќи тоа ќе донесе безбедна и проспертитетна иднина за сите граѓани.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија