Утрински Весник
Свет

Носорог нападнал во зоолошка градина во Австрија: еден чувар загинал, а друг тешко повреден

Носорог нападнал во зоолошка градина во Австрија: еден чувар загинал, а друг тешко повреден

Eден чувар на зоолошката градина загина, а друг е повреден, кога носорог изврши напад денеска во зоолошката градина во предградието на Салцбург, Австрија.

dobivaj vesti na viber

Директорката на зоолошката градина „Хелбрун“, Сабине Гребнер, на прес-конференцијата изјави дека не се знае точно како се случил инцидентот, а жената што работела како чувар починала откога добила повреди на градниот кош.

Таа додаде дека повредениот чувар бил итно пренесен во болница и дека неговиот живот не е во животна опасност. Гребнер изјавила дека инцидентот се случил утринава при хранење на животните и нивно лекување со средства против инсекти, пренесе „Ројтерс“.

„Чуварот на зоолошката градина, Германец од Баварија, бил многу искусен и специјализиран за носорози“, вели Гребнер.

Таа рече дека чуварите биле нападнати од женски носорог по име Јети.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30