Утрински Весник
Спорт

Менаџерката на Погба: Не сакаше да ги прекрши правилата

Менаџерката на Погба: Не сакаше да ги прекрши правилата

Францускиот фудбалер Пол Погба (30) падна на допинг тест, објави италијанската новинска агенција АНСА. Фудбалерот на Јувентус беше позитивен на тестостерон по стандардниот допинг тест кој го направи на 20. август по победата над Удинезе (3:0). Погба не играше на тој натпревар.

dobivaj vesti na viber

Се уште се чека вториот тест за да се види дали првиот ќе биде потврден. Со соопштение се огласи менаџерката на Погба, Рафаела Пимента.

„Ги чекаме резултатите од втората анализа, дотогаш не можам да кажам ништо. Сигурно е само дека Пол Погба никогаш не сакал да ги прекрши правилата“, изјави Пимента, пренесуваат италијанските медиуми.

Доколку и вториот тест биде позитивен, францускиот играч од средниот ред би можел да добие четиригодишна суспензија, што веројатно би значело и крај на неговата кариера.

Погба има 30 години, а во текот на целата своја кариера настапуваше само за два клуба – Манчестер јунајтед и Јувентус.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо