Вчера, во 7.30 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат село Младо Нагоричане – граничен премин Пелинце, во атарот на селото Алгуња, општина Старо Нагоричане, патничко моторно возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Г. П. од Скопје, излетало надвор од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката, 20-годишната М. П. од Скопје, а телесни повреди добил возачот, констатирани во Општата болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.