Утрински Весник
Спорт

Ханси Флик стана првиот германски селектор кој добил отказ!

Ханси Флик стана првиот германски селектор кој добил отказ!

Ханси Флик е отпуштен од позицијата селектор на германската репрезентација по саботниот срамотен 4:1 пораз во пријателски меч од Јапонија, кулминација на лошата игра и резултатите. Тој е првиот германски селектор кој добил отказ по воведувањето на оваа функција во далечната 1926 година.

dobivaj vesti na viber

Поразот од Јапонија беше четврт во последните пет меча за Германија и 58-годишниот поранешен тренер на Баерн Минхен оствари само 12 победи во 25 меча откако го замени Јоаким Лев во август 2021 година. Флик започна со осум победи во низа, но формата полека паѓаше и кулминираше со испаѓањето во групната фаза на СП во Катар – во последните 12 месеци Германија ги победи само Оман, Костарика и Перу.

Руди Фелер, директорот на репрезентацијата и поранешен селектор од 2000 до 2004 година, ќе биде привремен селектор за време на пријателскиот меч против Фрaнција. Германците се домаќини на Европското првенство во 2024 година и не играат во квалификациите за континтеналниот шампионат.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024