Утрински Весник
Свет

(Видео) Скандал во САД – полицаец снимен додека се бакнува со љубовницата во службениот автомобил: „Во љубов сме“

(Видео) Скандал во САД – полицаец снимен додека се бакнува со љубовницата во службениот автомобил: „Во љубов сме“

Франческо Марлет, полицаец од Мериленд, моментално ги живее најсрамните денови во својот живот бидејќи неговата средба со љубовницата додека бил на должност завршила неславно. Марлет веќе еднаш бил фатен со истата жена на задните седишта од неговиот полициски автомобил, потврдија неговите шефови во официјалното соопштение.

dobivaj vesti na viber

Во најновото соопштение за печатот, портпаролот на полицијата во округот рече: „Нашиот оддел е запознаен со две видеа кои кружат во кои се вклучени Франческо Марлет и возрасна жена“.

МВР отвори истрага против Марлет, а тој моментално е на платен одмор. Љубовницата на Марлет, Вирџинија Пинто сепак изјавила дека „не направила ништо лошо“ и ја продолжила врската со полицаецот. Неа претходно и телефонирала сопругата на полицаецот, Пола Марлет, која на Фејсбук и’ порачала да гори во пеколот.

На новопротечената видео снимка, жената може да се види како самоуверено оди до полициско возило, потоа се враќа кон нејзиниот автомобил за да земе нешто, пред повторно да се врати назад кон полициското возило и да седне на задното седиште.

@trapploss_ Pg cops dont care lmaoo #fyp #fy #cops #dmv #worldstar #movie ♬ original sound – Trapplos

Љубовницата кажа дека аферата со полицаецот траела околу две години. Таа рече дека неговата сопруга била целосно свесна за тоа, пишуваат американските медиуми.

„Што е толку возбудливо во тоа? Тој е полицаец, јас сум цивил. Не фатија. Тоа е лошо, но и ова ќе помине. Јас го живеам мојот живот. Имам деца. Сигурна сум дека знаете дека имам 15- годишен аутистичен син. Татко му беше белец. Претпоставувам дека сакам бели момци“, рече жената.

На видеото двајцата се гледаат во страсна прегратка пред неговиот полициски автомобил, кој бил паркиран во близина на средното училиште Оксон Хил. Двојката потоа седнува на задното седиште во автомобилот каде што останала 40 минути, пред секој да замине на своја страна.

Таа призна дека видеото „изгледа лошо“, но нагласи дека биле во врска, дека тоа не било само за една ноќ.

„Тоа е вистинска работа. Се разбира, имајќи предвид дека тој е полицаец, сето тоа изгледа прилично лошо. Но, сакам само луѓето да разберат дека ова не беше само за една ноќ”, додала таа.

 

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“