Утрински Весник
Свет

Мишел: Војната во Украина има последици врз луѓето ширум светот

Мишел: Европската Унија мора да е подготвена до 2030 за ново проширување

ЕУ силно ја поддржува Украина и врши притисок врз Русија, затоа што „војната на Кремљ“ уништува животи на само на украинска територија, туку и многу подалеку и поради неа над 250 милиони луѓе ширум светот се соочуваат со акутен недостиг на храна, изјави  претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на прес-конференција пред почетокот на Самитот на Г20 во Њу Делхи.

dobivaj vesti na viber

Според него, со намерното напаѓање на украинските пристаништа преку кои оди извозот на прехранбени продукти од Украина, Русија ги лишува од храната оние луѓе на кои таа им е очајно потребна.

– Скандалозно е што Русија, откако ја суспендира Црноморската иницијатива, ги блокира и напаѓа украинските поморски пристаништа. Ова мора да престане. Бродовите со жито мора да имаат безбеден пристап преку Црното Море, истакна Мишел, додавајќи дека ЕУ се обидува да обезбеди алтернативни извозни патишта за извоз на храна од Украина, преку кои досега се испорачани 41 милион тони житни култури.

Тој оцени дека токму поради ваквото руско однесување, понудата на Москва за испорака на еден милион тони жито за африканските земји е апсолутно цинична.

Можете да прочитате

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“

Експлозија во рафинерија за нафта во Турција