Утрински Весник
Спорт

Канѓаните со договори се обврзале дека ќе играат за националниот тим

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Пред полуфиналето на Светското првенство во Манила, новинарите открија интересна информација поврзана со репрезентацијата на Канада. 14 канадски кошаркари кои се столбот на тимот играат затоа што потпишале професионален договор со Кошаркарската асоцијација на Канада.

dobivaj vesti na viber

Канада на овој Мундијал дојде со седум НБА асови, четворица играчи од Европа и центарот Зеке Идеа, кој настапува на Универзитетот Пердју. Канаѓаните и претходно имаа познати имиња, но никогаш не успеаја да направат поголем резултат, а со пласманот во полуфиналето каде ќе играат против Србија, го постигнаа најголемиот на Мундијалите.

Со доаѓањето на новите луѓе во Канадската кошаркарска асоцијација и со доведувањето на шпанскиот стручњак Жорди Фернандез на позицијата селектор, дојде идејата да се создаде НБА состав и да се нападнат медалите прво на Мундобаскетот, а потоа и на Олимписките игри во Париз.

Канаѓаните се единствената репрезентација на овој Мундијал што има потпишан професионалени договори со своите играчи.

„14 од најдобрите играчи од НБА, НЦАА и меѓународните лиги се обврзаа да ја претставуваат Канада од сега до крајот на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Секој играч има потпишано тригодишен договор со националниот тим. Доколку некој не е е во можност да игра за репрезентацијата, се очекува да дојде до во тренинг кампот“, се вели во соопштението на Кошаркарската асоцијасија од мај 2024 година.

Од 14 играчи кои потпишаа договори со Канада на Мундобаскетот, отсутни се Џамал Мареј, Кам Бирч, Оше Брисет, Кори Џозеф и Кевин Пангос. На СП се Никел Александар-Вокер, Ар-Џеј Барет, Дилон Брукс, Лугенц Дорт, Зак Ајдеј, Мелвин Еџем, Шаи Гилџус-Александер, Кели Олиник и Двајт Пауел.

Можете да прочитате

Шампионот Струмица со три засилувања во Лигата на шампиони

Пожар го уништи стадионот и клупски простории во Словенија, таму се подготвуваше и Вардар

Тренерот на Тиквеш дојде на натпревар со влечки – Доби експресен отказ