Првиот човек на Реал, Флорентино Перез, по завршувањето на актуелната сезона, решил да изврши сериозна реконструкција. Намерата на Перез е максимално да ја подмлади екипата.
Шпанскиот портал „Фихајес“, инаку добро упатен во случувањата во „кралскиот клуб“, пренесува дека Перез отпишал петмина фудбалери на крајот од сезоната. На списокот наводно се: Лука Модриќ, Начо, Лукас Васкез, Тони Крос и голманот Андреј Лунин.
За ниту еден од нив не може да се каже дека е изненадување што се наоѓа на оваа листа. Модриќ има 37 години и неговата минутажа е веќе намалена оваа сезона, Начо и Лукас Васкез секогаш биле играчи во ротацијата без кои Реал би можел да функционира, Тони Крос сака да стави крај на кариерата, а резервниот голман Андреј Лунин едноставно нема квалитет, поради што поради повреди на Куртоа мораше да дојде Кепа Аризабалага.
Во Реал веруваат дека оваа реконструкција ќе помине без поголеми проблеми бидејќи за неа се подготвуваат неколку трансфер периоди, особено кога станува збор за подмладување на средниот ред.
Оваа сезона главни играчи се Аурелиен Чуамени, Едуардо Камавинга, Федерико Валверде и Џуд Белингем, а сигурно во текот на летото ќе пристигне уште некој.