Утрински Весник
Свет

Венеција ќе им наплаќа влез на туристите

Венеција ќе им наплаќа влез на туристите

Венеција планира да воведе билети од пет евра за еднодневни патници следната година со цел да се обиде да управува со пристигнувањето на туристите, објави градскиот совет.

dobivaj vesti na viber

Билетот ќе се воведува пробно 30 дена, а фокусот ќе биде главно на пролетните одмори и летните викенди, кога бројот на туристи е на врвот. Сите посетители над 14 години би го платиле.

Целта беше да се најде „нова рамнотежа меѓу правата на оние кои живеат, студираат или работат во Венеција и оние кои го посетуваат градот“, рече советникот за туризам на градот Симоне Вентурини. Планот, првпат откриен во 2019 година, најпрво беше одложен поради Ковид-19, а подоцна и поради технички и процедурални причини. Во меѓувреме, посетителите се насобраа во Венеција, а странците често се побројни од 50.000 жители во самиот центар на градот.

Прекумерниот туризам долго време е проблем за кревкиот лагунски град. Експертите на УНЕСКО во јули препорачаа Венеција и нејзината лагуна да се додадат на листата на загрозено светско наследство и тврдат дека Италија не прави доволно за да го заштити градот од ефектите на климатските промени и масовниот туризам.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30