Утрински Весник
Култура

Отворен конкурсот „Скопје на новата генерација“, кој преку млади архитекти и урбанисти има цел да го ревитализира Скопје

Отворен конкурсот „Скопје на новата генерација“, кој преку млади архитекти и урбанисти има цел да го ревитализира Скопје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По повод 60 години од скопскиот земјотрес, Јуроп хаус го отвора архитектонскиот конкурс насловен „Скопје на новата генерација“ преку кој се повикуваат млади архитекти и урбанисти да оставаат свој белег во архитектурата на главниот град. Ова не е само конкурс за разубавување на градот туку и повик преку кој ќе се подобри пристапот кон заборавените места на градот. Целта на конкурсот е да се ревитализираат старите и заборавените простори во Скопје и градот да стане поинклузивен и попристапен за сите.

dobivaj vesti na viber

Покрај придонесот во архитектурата на градот, за победниците ќе следуваат и парични награди. Најдобриот дизајн ќе добие 1.500 евра, второрангираниот ќе добие 800 евра, а третиот 500 евра. Победниците ќе се избираат од група експерти-претставници од реномираните универзитети во Скопје, како што се Меѓународниот балкански универзитет, Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС), МИТ Универзитетот, Факултетот за општествени науки (ФОН) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Делата ќе бидат анонимни, а експертите нема да знаат кој е автор на дизајнот, со што секој учесник ќе има иста шанса за победа.

Заинтересираните ќе можат да се пријавуваат од 4 септември 2023 година преку официјалната интернет-страница на Јуроп хаус www.euhouse.mk, а крајниот рок за учество е 22 октомври 2023 година. Доколку некој од заинтересираните за конкурсот има прашања, ќе има можност да ги постави до 18 септември 2023 година, а сите одговори јавно ќе бидат објавени на 25 септември 2023 година. Главниот настан и церемонијата на прогласување на победниците и изложбата на делата ќе се одржи на 13 ноември 2023 година.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“