Утрински Весник
Македонија

Клисаровска: Одговорно тврдам дека од ноември 2022 година секој пациент ја добива терапијата без манипулации

Клисаровска: Одговорно тврдам дека од ноември 2022 година секој пациент  ја добива терапијата без манипулации

Одговорно им тврдам на пациентите, откако сум јас, значи зборувам за периодот од ноември 2022 година, секој пациент, ја добива препишаната терапија, согласно индикацијата, дозата, типот на лекот, според тоа што неговиот соодветен ординирачки лекар тоа ќе го постави, без никаква манипулација со лековите. Ова го истакна д-р Виолета Клисаровска, медицински директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

dobivaj vesti na viber

Обраќајќи се кон пациентите, Клисарова вели дека колегиумот на клиниката за онкологија во најголем дел работи професионално.

„Одговорно ви тврдам и ве уверувам во истиот период од ноември 2022 година, кога сум на оваа позиција дека стручниот колегиум, на клиниката во најголем дел работи високо професионално, правиме се за нашите пациенти. Заживеани се утринските состаноци, тоа е од првата недела, да не речам првиот ден на мојата позиција. Формиран е онколошки конзилиум во кој што учествуваат најголем дел од стручниот колегиум, од колегите како најискусни одговорни раководители на соодветните оддели. Од секоја од тие седници постојат и уредно заведени записници кои што како документ може да ви станат и достапни, доколку е потребно. На тој онколошки конзилиум се реферира буквално пред сите нас, секој пациент кој треба да започне терапија со било кој лек од таканаречениот условен буџет, тука припаѓаат лековите кои што не се ставени на позитивна листа“, вели Клисаровска.

Додава и дека се ажурирани клиничките протоколи, стручниот тим работи по ажурирани, обновени, работни верзии и упатства, за дијагноза, третман и секако следење на нашите пациенти, со верифицирана малигдна болест.

Воведени се повеќе безбедносни мерки за следење на лекот од влез во Клинката до аплицирање кај пацинет. Една од безбедносните мерки е ограничен број на сестри, точно по распоред секој ден се знае која сестра доаѓа во допир со нерастворен лек, тој влез е строго ограничен и не е отворен за сите сестри од дневната болница, додава таа.

„Сето ова што го кажувам го тврдам одговорно и замолувам пациентите да ни дадат можност да ја вратиме довербата“, порача Клисаровска.

Нагласи дека клиниката е  целосно достапна на надлежните и истражните органи со цел, брзо откривање на виновниците. Замоли час поскоро надлежните органи, да донесат одлука, ако има виновници, да ги именуваат. Остро го осуди секое несовесно и нестручно работење, со молба и апел, кон сите надлежни и  медиумите да не се генерализира проблемот врз целиот медицински тим.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор