Утрински Весник
Македонија

Приведен бегалец од затвор, вратен во КПУ „Идризово“

На Клиника за токсикологија починал затвореник од Велес
Dik 300x250 mk

Денеска, околу 8 часот, во Богданци, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – отсек потраги, го лишиле од слобода 26-годишниот Д. Ј. од Богданци, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„Тој бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа ‘Затвор Идризово’ поради бегство од установата. Лицето било осудено на четири години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години и еден месец од казната“, соопшти МВР.

Д. Ј. бил спроведен до Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за доиздржување на казната.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!