Утрински Весник
Свет

Руски функционер: Бомбардерот „Су-34“користи хиперсонична ракета во Украина

Руски функционер: Бомбардерот „Су-34“користи хиперсонична ракета  во Украина

Рускиот ловец-бомбардер „Су-34“ користи хиперсонична ракета „Кинжал“ за време на специјалната воена операција во Украина, изјави за Тасс неименуван претставник на одбраната.

dobivaj vesti na viber

„Ловецот „Су-34“ ја користеше хиперсоничната ракета „Кинжал“ во специјална воена операција. Првиот тим кој успешно ќе ја заврши таквата задача ќе добие државна награди“, кажал функционерот.

„Кинжал“ е најновиот руски хиперсоничен воздушно-балистички ракетен систем што го носат специјално опремени ловци-пресретнувачи МиГ-31К. Ракетата има висока маневарска спососбност и може да погоди копнени и поморски цели, потсетува руската агенција.

Ракетниот систем „Кинжал“ е во експериментална употреба од декември 2017 година, а руската армија официјално првпат го употреби во борби во Украина на 18 март 2022 година, пренесува медиумот.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд