Утрински Весник
Свет

Британец му ги исекол ушите на доберман, па доживотно му е забрането да чува кучиња

Британец му ги исекол ушите на доберман, па доживотно му е забрането да чува кучиња

На лош сопственик на куче, кој му ги исече двете уши на доберман, досудена му е доживотна забрана да поседува кучиња. Али Раза Назам (27) е осуден на 12 недели затвор и условно на една година, откако обвинителите од Кралското друштво за спречување на суровост кон животните (RSPCA) го откриле неговото злодело, пишува Дејли мејл.

dobivaj vesti na viber

Ветеринарите во Бирмингем ја известија RSPCA за потенцијалниот проблем откако Назам го донел својот доберман Џорџија на операција на 17 јануари 2022 година. Шокираните ветеринари утврдиле дека ушите на кутрата Џорџија биле драстично отсечени и дека ѝ се спуштаат на главата.

Кучето имало отворени рани околу ушите, вклучително и смрдеа од инфекција и гнило месо. Назам ја поседувал Џорџија само пет недели кога одлучил да ја однесе кај специјалист бидејќи забележал крв.

Џорџија, која била увезена од Унгарија, имала хематом, крвав оток и лацерација во основата на аурикулата и гноен исцедок во двете уши. И двете ушни реси и биле исечени.

Десното уво имало повеќекратни лацерации, а ушната ‘рскавица била соголена на неколку места. Нејзината опашка исто така била исечена и ѝ била отстранета закржлавената канџа.

Назам тврди дека само 24 часа пред да ја забележи крвта, ги залепил ушите на кучето за да ги држи исправено, но обвинителите рекле дека тоа е лага.

Сечењето уши е суров тренд со кој сопствениците ги обликуваат ушите на своите кучиња да изгледаат трајно исправени за да создадат илузија на агресија. Само од почетокот на 2020 година, RSPCA има добиено 1.191 извештај за сечење уши. Тоа е трауматска процедура која често се изведува на кученца без никаква ветеринарна интервенција или анестезија и може да предизвика огромна болка и страдање.

Увото се обликува или се отстранува, понекогаш со помош на ножици и ножеви, во многу случаи од неодговорни одгледувачи кои сакаат да ги продадат кучињата по повисока цена. Сечењето на ушите исто така може да им наштети на нивната способност за комуникација, што значи дека нивните социјални вештини се нарушени доживотно.

Назам доби доживотна забрана за поседување кучиња во Судот во Бирмингем, а исто така му беше наложено да плати 3.000 фунти трошоци и да работи 200 часа неплатена работа.

Во ветеринарниот извештај доставен до судот се вели: „Назам наведува дека само 24 часа откако ги залепил ушите имало крв. екстензивни лацерации на долните ушни школки. Ова можело да се случи преку два механизми – или ги нанесувал лентите многу цврсто засекувајќи директно во кожата или лентите биле поставени многу подолго, предизвикувајќи постепена некроза со притискање на аурикулата“.

Инспекторот Борис Ласер, кој ја водеше истрагата за Здружението за заштита на животните, по изрекувањето на пресудата рече:

„За жал, гледаме тренд на сечење ушите на кучињата и потоа нивно лепење или шипки за да се промовира лажна естетика каде што ушите на кучето изгледаат постојано на штрек. Нема никаква корист за кучињата, тоа е едноставно мода што го загрозува доброто. Се работи за кучињата. Нема докази за каква било корисност. Трагично е да се гледаат кучиња како Џорџија обезличени и принудени да страдаат само затоа што нивните сопственици мислат дека изгледаат попривлечно. Животните не се играчки или додатоци, тие ја заслужуваат нашата грижа и почит“.

Можете да прочитате

Кина го нарече Тајван „црвена линија“ и ја осуди новата американска воена помош за островот

Трамп сака членките на НАТО да трошат пет отсто од својот БДП за одбрана

Во Сенатот на САД поднесен предлог-закон за санкции против Турција поради Сирија