Утрински Весник
Култура

Објавена филмската програма за претстојното 44. издание на „Браќа Манаки“ во Битола

Објавена филмската програма за претстојното 44. издание на „Браќа Манаки“ во Битола

Селекторите на Интернационалниот фестивал на филмската камера ја објавија програмата на овогодишното 44. фестивалско издание.

dobivaj vesti na viber

Селекторот на програмата Камера 300 за долгометражни играни филмови, Слаѓан Пенев, ја најави исклучително богатата и атрактивна селекција.

Освен претходно објавените македонски филмови на отворање и затворање на фестивалот, „Домаќинство за почетници“ и „Лена и Владимир“, од филмовите што ги најави Пенев дел од програмата ќе бидат пролетерската трагикомедија на Аки Каурисмаки, ПАДНАТИТЕ ЛИСЈА/FALLEN LEAVES, во тандем со неговиот редовен кинематограферски соработник Тимо Салминен, кој ќе биде гостин на фестивалот, мистичното трагање по недофатливото во фотографијата и музиката на Вим Вендерс, СОВРШЕНИ ДЕНОВИ/PERFECT DAYS, во соработка со директорот на фотографијата Франц Лустиг, кој исто така ќе биде присутен во Битола, медитативната чеховско-ромеровска драма нa Нури Билге Чејлан, ЗА СУВИТЕ ТРЕВИ/ABOUT DRY GRASSES, во прва соработка со два кинематографери, Џеваир Сахин и Курсат Уресин, кои во тандем ќе се појават и на проекцијата во Битола, Хичкоковскиот трилер АНАТОМИЈА НА ЕДНО ПАЃАЊЕ/ANATOMY OF A FALL, кој ја доби Златната палма на последниот Кански фестивал, дело на режисерката Жустин Трие и кинематограферот Симон Буфил, како и богатата симфонија на ѕвезди и стил на Вес Андерсон, АСТЕРОИД СИТИ/ASTEROID CITY, со најчестиот негов соработник, искусниот кинематографер Роберт Д. Јеоман.

Селекторите на програмите за кратка, документарна и студентска програма, Марија Апчевска, Кумјана Николова и Ѓорѓи Пулевски, ги објавија селекциите во своите програми, каде што исто така има атрактивни наслови, како документарниот филм ЧОВЕК ВО ЦРНО/MAN IN BLACK на Ванг Бинг, чија кинематограферка, Каролин Шампетие, позната по соработките со Лео Каракс (HOLY MOTORS), исто така ќе биде гостин на Фестивалот.

Фестивалот ќе биде отворен на 23-ти, а ќе се затвори на 29. септември.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“