Утрински Весник
Македонија

Портпаролката на Данела Арсовска нападна новинар: „Замавна и ми го удри телефонот по вклучување во живо“

Портпаролката на Данела Арсовска нападна новинар: „Замавна и ми го удри телефонот по вклучување во живо“

Новинарот на Сител, Мартин Арсов тврди дека денеска по вклучување во живо во вестите бил физички нападнат од Кристина Депо, задолжена за односи со јавност во Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Денеска по вклучувањето во живо во вестите, физички бев нападнат од Кристина Депо, задолжена за односи со јавност во Град Скопје. Додека во живо известував за денешната седница, стоеше позади камерата и чекаше да чуе дали ќе кажам нешто лошо за Арсовска. Откако завршив со вклучувањето, ми рече дека е незадоволна оти сум кажал само дел од соопштението што го напишала, а не целото. Кога се доближив до неа, замавна и ми го удри телефонот. Откако ја прашав што прави и дека не смее да ме удира, таа дрско и безобразно ми рече дека има право, оти можело да ја снимам. Наместо да се извини, ми рече дека сум некултурен бидејќи сум ѝ се обратил со Ти“, напиша Арсов на социјалните мрежи.

„Дополнително, ми рече дека веќе нема да одговори на ниту едно прашање што би ѝ го поставил. Барам да реагира Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ бидејќи ова е класична тортура и притисок врз новинарите!“, додаде тој

Можете да прочитате

Уапсен 18-годишен ученик кој се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште

Финансиска полиција со кривична пријава против екс директор на Комунална хигиена

Фрчкоски: „Руднап” и Божиновска се клучниот линк, АКТ на СДСМ откри нов дел од бизнис мрежата на Мицкоски