Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски е криминална, потребни се реформи, а не уставни измени, кои и така нема да се изгласаат

Време е Ковачевски да се исели, нема пратеници за промена на Устав, му порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

Попусти се обидите на Ковачевски да ја замајува јавноста, претседателот на Франција, Макрон, јасно порача дека се потребни реформи, а не празни флоскули, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Пораките, според партијата на Мицкоски, се дека треба реформи, а не уставни измени, кои и така нема да се изгласаат, зошто ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржува.

„Оваа Влада, на чело со Ковачевски, која тоне во криминал, дава тендери на партиски донатори, потпишува договори во 4 очи, не може да расчисти убиство во центарот на Скопје, не може да обезбедо учебници, не може да набави лекови за болните од ретки болести, влада која буквално не може да направи ништо не е влада што може да ја носи Македонија во ЕУ.

Ковачевски нема капацитет, оваа Влада е криминална и корумпирана, потребни се избори“, истакнуваат од опозициската партија.

Според нив, не може да се издвои ниту една работа во која Владата на Ковачевски е успешна, само порази, омаловажувања за народот и полни џебови за луѓето блиски до врвот.

Можете да прочитате

Викендов повторно над 40 степени, во недела (6 јули) локално силно невреме 

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот и даночната правда

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица