Американскиот хип-хоп могул Џеј Зи одлучи повторно да се приклучи на платформата за споделување фотографии откако го деактивираше својот профил пред две години по еднодневен стаж на оваа социјална мрежа.
Сопругот на Бијонсе повторно го активираше својот профил во вторникот.
Што се однесува до неговите следачи на „Инстаграм“, водителот на Empire State of Mind се чини дека сака да следи само една личност – својата сопруга пејачка.
А добитничката на „Греми“ е многу поселективна бидејќи не го следи ни него ниту било кој друг на оваа апликација.
Џеј Зи и Бијонсе се во брак од 2008 година, имаат три деца – Блу Ајви (11) и близнаците Руми и Сер (6). Нивното заедничко богатство се проценува на околу 3 милијарди долари.
Џеј Зи (53) дополнително објасни зошто одлучил повторно да се приклучи на платформата. Неговата прва и единствена објава досега е за претстојниот филм The Book of Clarence, сместен во библиско време.
Тој ги почести своите 160.000 следачи со трејлер за филмот, во кој ќе глуми Лекејт Стенфилд.
Филмот што го промовира ја следи лошата среќа на еден млад човек од Ерусалим кој се обидува да профитира од новиот пророк кој брзо стекнува сè поголема слава и моќ.
Освен што ја компонира музиката за филмот, Џеј Зи исто така е и продуцент. Во филмот глумат Бенедикт Камбербач, Џејмс Мекавој, Лакејт Стенфилд и Омај Сај.
Џеј Зи креираше свој профил на Инстаграм во септември 2021 година за да го промовира The Harder They Fall, филм кој исто така го продуцираше. Во рок од 24 часа собра милион следачи и, набрзо потоа го отстрани профилот.
Сега одзивот е нешто помал.