Утрински Весник
Свет

Пронајден возачот кој падна во река и ги остави сопатниците во вода: потрагата по него во Хрватска траела четири дена

Пронајден возачот кој падна во река и ги остави сопатниците во вода: потрагата по него во Хрватска траела четири дена

Полицијата во Хрватска го приведе возачот на автомобилот „хонда“ кој побегна од местото на несреќата што се случи пред четири дена во Михаљевци кај Пожега.

dobivaj vesti na viber

Според хрватските медиуми, „хондата“ завршила во река откако нејзиниот возач удрил во „поло“, а потоа побегнал оставајќи ги патниците во автомобилот.

Еден човек за малку ќе се удавел.

Полицијата соопшти дека е приведен маж (37), кој бил пронајден кај Радованци.

Тој се товари за сторени кривични дела Предизвикување сообраќајна незгода и Неукажување помош.

На помош дошле две лица кои ги извлекле патниците од возилото, а Брзата помош ги пренела повредените во болница.

Можете да прочитате

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот