Утрински Весник
Свет

Борел: ЕУ работи на подготовки за воведување санкции против пучистите во Нигер

Борел: Србите да се вратат во институциите, Приштина да ги прекине акциите

Европската унија работи на подготовките за воведување санкции против членовите на хунтата која ја презеде власта во Нигер минатиот месец, објави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

dobivaj vesti na viber

„При одлучувањето за санкциите, ЕУ ќе се обиде да ги преслика мерките преземени од ECOWAS (Економска организација на западноафриканските земји) – изјави Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за одбрана на Европската унија во Толедо, Шпанија, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека утре на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ ќе предложи формирање правна рамка за воведување санкции за одговорните за пучот.

На прашањето дали Европската унија ќе обезбеди финансиска поддршка доколку ECOWAS започне воена интервенција во Нигер, Борел рече дека блокот ќе го разгледа секое барање, но нема автоматски да го одобри.

Шефот на европската дипломатија посочи дека пучот во Нигер донесе нова нестабилност во регионот Сахел во Западна и Централна Африка, кој, според него, е „веќе многу кревок“.

Зборувајќи за присуството на руската паравоена група „Вагнер“ во Африка, Борел изјави дека и покрај неодамнешната смрт на нејзиниот основач Евгениј Пригожин, групата ќе остане активна на континентот.

„Сигурен сум дека брзо ќе најдат замена за покојниот шеф Вагнер. Тие ќе останат оперативни во Африка“, рече Борел, додавајќи дека Москва не може да испрати регуларна војска бидејќи тоа би било „премногу страшно“.

Можете да прочитате

Блинкен: Ракетата што го погоди Голан била лансирана од Хезболах

Нетанјаху: Терористите на Хезболах убија деца, ќе платат висока цена

Северна Кореја предупреди на целосно уништување на непријателот во случај на војна