Утрински Весник
Свет

САД: Шојгу отпатува во Северна Кореја, сака да ја убеди да и’ продаде муниција на Русија

САД: Шојгу отпатува во Северна Кореја, сака да ја убеди да и’ продаде муниција на Русија

САД се загрижени дека преговорите за вооружување меѓу Русија и Северна Кореја активно напредуваат, изјави Џон Кирби – портпарол за национална безбедност на Белата куќа, на денешниот брифинг.

dobivaj vesti na viber

Кирби рече дека рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, неодамна отпатувал во Северна Кореја за да го убеди Пјонгјанг да и продаде артилериска муниција на Русија.

Кирби рече дека рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун размениле писма со ветување за зајакнување на билатералната соработка и додаде дека САД имаат разузнавачки информации што укажуваат дека друга група руски претставници отпатувала во Пјонгјанг по посетата на Шојгу.

Според договорите, Русија ќе добие оружје што војската планира да го користи во војната во Украина, рече Кирби. Договорите би можеле да вклучат и суровини што ќе и помогнат на руската одбранбена индустриска база.

Кирби додаде дека какви било договори за оружје меѓу Русија и Северна Кореја ќе ги прекршат резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Ја повикуваме КНДР да ги прекине преговорите со Русија и да ги почитува јавните ветувања на Пјонгјанг дека нема да и продава оружје на Русија“, изјави Кирби за новинарите.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30