Утрински Весник
Македонија

Јајага-Запријанов: Соработката на армиите на Македонија и Бугарија доказ за посветеноста кон регионалната безбедност

Јајага-Запријанов: Соработката на армиите на Македонија и Бугарија доказ за посветеноста кон регионалната безбедност

Заменик министерот за одбрана Тирон Јајага денеска оствари средба со својот бугарски колега Атанас Запријанов кој е во посета на нашата земја во рамки на утрешната свечена церемонија за одбележување на 27 годишнината од формирањето на СЕДМ иницијативата, 24 години од формирањето на Бригата на Југоисточна Европа – SEEBRIG и преземањето на претседателството со СЕДМ и промената на командантот на SEEBRIG.

dobivaj vesti na viber

За време на денешната средба од страна на двајцата заменици министри беше потенцирано дека соработката на армиите и министерствата на двете држави се доказ за посветеноста кон регионалната безбедност, а пример е заедничкото учество во SEEBRIG, eVA, и НАТО мисијата на Косово, KFOR.

Заменик министерот Јајага упати благодарност до својот колега Запријанов за неговото претседателствување со Политичко – воениот управувачки Комитет и Координативен комитет на SEDM и потенцира дека оваа регионална иницијатива покажува дека заедничките напори секогаш не прават посилни, посигурни и побезбедни.

На средбата беше констатирано дека двете соседни земји ќе продолжат да ги користат сите можности за соработка како на билатерално, така и на регионално и мултилатерално ниво.

Можете да прочитате

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес