Утрински Весник
Свет

Борел: Државниот удар во Габон е голем проблем за Европа

Борел: Поддржувам утврдување одговорност за руските воени злосторства во Украина

Министрите за одбрана на Европската Унија ќе разговараат за ситуацијата во Габон, изјави претставникот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, додавајќи дека државен удар, доколку биде потврден, ќе предизвика поголема нестабилност во регионот.

dobivaj vesti na viber

Група високи габонски воени офицери се појавија на националната телевизија во раните утрински часови и рекоа дека ја презеле власта откога државното изборно тело објави дека претседателот Али Бонго освоил трет мандат.

„Ако ова се потврди, тоа е уште еден воен удар, кој ја зголемува нестабилноста во целиот регион“, рече Борел.

„Целата област, почнувајќи од Централноафриканската Република, потоа Мали, Буркина Фасо, сега Нигер, можеби Габон, е во многу тешка ситуација и секако министрите мора длабоко да размислат што се случува таму и како можеме да ја подобриме нашата политика во однос на овие земји. Ова е голем проблем за Европа“, изјави тој.

Можете да прочитате

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив да се обединат против „вистинскиот непријател“

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат