Утрински Весник
Македонија

Драматично спасување три лица, чиј чамец бурата го повлекла длабоко во водите на Дојранското Езеро,

Времето денес сончево со температура до 38 степени

Денеска, околу 8.30 часот, на единствениот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК се јавило лице, кое со уште две лица, се наоѓало во чамец во Дојранското Езеро, кое било зафатено од силно невреме.

dobivaj vesti na viber

„Ветрот и брановите го оддалечувале чамецот далеку од брегот, кон внатрешноста на езерето. И покрај постојаните обиди, трите лица не можеле да воспостават контрола врз чамецот и да се вратат назад на брегот на езерото. Операторот на 112 го лоцирал точнато место на кое се наоѓал чамецот и веднаш го препратил во Секторот за операции и координација на ЦУК. Оперативецот од СОК на ЦУК веднаш го известил СВР Струмица, кој итно побарал помош од граничната полиција во Дојран (ПС за ГП и ГН Стар Дојран при РЦ за ГР Југ)“, објави Стојанче Ангелов.

Тим на граничната полиција врз основа на координатите добиени од ЦУК ја лоцирал точната позицијата на чамецот, кој бил однесен длабоко во немирните води на езерото, со глисер влегол во бурата и во една драматично спасување проследено со силен ветер и големи бранови успеал неповредени да ги извлече трите лица, кои се наоѓале во голема опасност.

Можете да прочитате

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина