Утрински Весник
Македонија

Македонски концепт: Стара ЕУ во која започнавме асоцијативен процес веќе не постои, нема повеќе „полноправно членство“

Македонски концепт: Стара ЕУ во која  започнавме асоцијативен процес веќе не постои, нема повеќе „полноправно членство“

Последните случувања во ЕУ, особено дадената потврда на вистинскиот француски предлог од страна на претседателот на Француската Република, но и последните вести од Европската комисија испратени преку претседателката Урсула Фон Дер Лајен, беа предмет на итни внатрешни консултации и анализа од стручните и политички тела на Македонски Концепт.

dobivaj vesti na viber

Од оваа партија ги изнесуваат следните заклучоци:

„1. Светот се менува, ЕУ се менува, ние се менуваме, што е нормално. Стара ЕУ во која ние започнавме асоцијативен процес веќе не постои. Нема повеќе „полноправно членство“ во ЕУ.

2. За земјите кандидати, вклучително и Македонија се отвара специјално место – Земја учесник во ЕУ. Тоа значи дека, доколку заврши процесот на преговори, ние во идната ЕУ само ќе учествуваме, но нема да одлучуваме.

3. Нашата партија смета дека треба да ја прифатиме таа понуда, од две причини, прво тоа сепак е во интерес и ќе ја засили нашата државност, второ ЕУ нема алтернатива.

4. Согледуваме дека БРИКС се злоупотребува во македонската јавност и погрешно се презентира на нашите граѓани. Македонија треба да има супер односи со земјите од БРИКС, но тие не се и не може да бидат замена ниту за учество во ЕУ.

5. Патријата го задржува својот цврст про ЕУ курс, исклучително врз база на ЕУ фундаментализмот, без прифаќање на „новото поведение“ кое го наметнуваат несозреани земји членки на Унијата.

6. Продолжуваме со политиката на активна поддршка на интегративниот процес на Македонија во реформираната ЕУ“.

Можете да прочитате

Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено

Затвореник од Идризово излегол на викенд и се обидел да ограби спортска обложувачница во Центар

Митева: Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа