Утрински Весник
Македонија

Канадската министерка за надворешни работи во посета на Скопје

Канадската министерка за надворешни работи во посета на Скопје

Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, денеска ќе престојува на работна посета на Северна Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји, сојузништвото во рамките на НАТО, предизвиците на претседавање на земјата со ОБСЕ, како и другите актуелности од областа на надворешната политика.

За време престојот во Скопје, Жоли ќе оствари средби и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Вработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров

Ходаи: Како Кочо Анѓушев и натаму им предава на студенти откако е ставен на американската црна листа за корупција?

Тошковски најави повисоки плати и нови униформи за полицајците, „Безбеден град“ ќе добие подвижни радари