Утрински Весник
Спорт

(Видео) Роналдо покажа дека е пенал-мајстор, па им направи мерак на Саудијците со посебен танц

(Видео) Роналдо покажа дека е пенал-мајстор, па им направи мерак на Саудијците со посебен танц

По слабиот старт на шампионатот, клубот на Кристијано Роналдо, Ал-Наср се враќа на вистински ритам со 4:0 победата над Ал-Шабаб, во меч во кој Португалецот двапати беше прецизен од белата точка, додека Ал-Ахли беа инспирирани од голот и асистенцијата на Ријад Марез за да стигнат до 2:0 победа над Ал-Тае во 4. коло од саудиската Про лига.

dobivaj vesti na viber

Роналдо првиот гол од пенал го постигна во 13. минута, за само шест минути подоцна да му биде поништен гол поради офсајд. Во 38. минута тој зголеми на 2:0 со уште еден гол од пенал, за две минути подоцна да му асистира на Садио Мане за 3:0. Конечните 4:0 ги постави Султан Ал-Ганам во 80. минута.

Инаку, саудиските навивачи беа воодушевени од однесувањето на Роналдо по постигнувањето на головите, откако тој ги „почести“ со нов танц, традиционалниот арапски „Алардах“.

Марез пак беше клучен играч за Ал-Ахли да го почне шампионатот со четири победи во низа. Тој прво постигна гол по асистенција на Алан Сен-Максимен во 38. минута, за Марез потоа да му асистира на Франк Кеси во 59. минута за 2:0.

Можете да прочитате

Одби да се бори против Израелец – алжирски џудист дисквалификуван од ОИ

Надал за мечот со Ѓоковиќ на Олимпијадата: Веројатно тој е јасен фаворит

Најдобриот во светот загуби, па направи хаос