Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Газета дело спорт: Менаџерот на Елмаз му се заканил на газдата на Наполи

Газета дело спорт: Менаџерот на Елмаз му се заканил на газдата на Наполи
Dik 300x250 mk

Елиф Елмаз нема да го продолжи договорот со Наполи, наводно му се заканил менаџерот Фали Рамадани на претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис.

dobivaj vesti na viber

Македонскиот репрезентативец има договор со Наполи до 30. јуни 2025 година.

„Газета дело спорт“, објави дека Рамадани бил лут кога разбрал дека Де Лаурентис одбил да го пордаде Елмаз во Лајпциг.

Пред десетина дена во Наполи пристигнала понудата од Лајпциг за Елмаз „тешка“ 30.000.000 евра. Де Лаурентис без размислување ја одбил. Истото го направил и со понудаа на неименуван клуб од Премиер лигата.

„Се чини дека Лајпциг беше подготвен да понуди околу 30 милиони, но доби остро „не“од Неапол. Ова го налути моќниот македонски агент кој ќе се закани дека Елмаз нема да го продолжи договорот што истекува во 2025 година“.

Можете да прочитате

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!