Утрински Весник
Свет

Крадец се обидел да украде неколку работи од отпад во Хрватска, бил толку пијан, што не успеал да ја прескокне ниту оградата

Крадец се обидел да украде неколку работи од отпад во Хрватска, бил толку пијан, што не успеал да ја прескокне ниту оградата

Невешт крадец бил уапсен во бизарен обид да украде стар и неисправен вентилатор од ограден двор.

dobivaj vesti na viber

Според полицијата, во неделата околу 19:20 часот во Шпишиќ Буковица се случил несекојдневен и неуспешен обид за кражба. Крадец влегол во туѓ двор, а потоа стариот вентилатор и уште неколку предмети од отпадот ги префрлил на другата страна, преку оградата.

Меѓутоа, бидејќи бил пијан, не успеал повторно да се качи на оградата и да избега. Се обидел неколку пати, но безуспешно. Во тие обиди полицијата го фатила и го привела.

Полицијата во Вировитица открила дека 47-годишниот маж се обидел да украде неисправни електронски уреди од оградениот простор на дворот, јавува „Даница.хр“.

„Мажот ја прескокнал оградата и влегол во дворот, кој е бил видео надзор. Префрлил неисправни електронски уреди преку оградата – вентилатор, радио, звучник, светилка и се обидел да го напушти дворот.

Но, бидејќи бил под дејство на алкохол од 2,03 промили, тешко му одел обидот да го напушти оградениот двор. Полициската патрола го затекнала како се обидува да го напушти местото со пленот.

Полицијата го пријавила делото во државното обвинителство во Вировитица и кривичната истрага е во тек“,велат од Управата на полицијата Вировитица.

Можете да прочитате

Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

Северна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата

Обвинителката Бонди ќе бара смртна казна за осомничениот што пукаше во припадниците на Националната гарда