Утрински Весник
Спорт

Историски победи за Зеленортските острови и Јужен Судан

Историски победи за Зеленортските острови и Јужен Судан

Кошаркарите на Зеленортските острови и Јужен Судан ги запишаа првите победи на Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

„Сините ајкули“, во второто коло во Ф-групата ја победија Венецуела со 81:75. Екипата која ја предводи најдобриот центар во Евролигата, одигра брлијантно второ полуврме, во кое успеа да ја надомести негативата од 13 поени по првите 20 минути.

Најефикасен во победничкиот тим беше Бетињо Гомеш со 22 поени, Вили Таварес помогна со 20 поени, додека Еди Таварес постигна шест поени со 14 скока.

Во тимот на Венецуела се истакнаа Давид Кубиљан со 15 и Замора со еден поен помалку.

Ова е втор пораз за Венецуела на Мундијалот, додека Зеленортските Острови го забележаа првиот триумф во групата Ф.

Во Б-групата, Јужен Судан, историската прва победа на Мундијалите, ја забележа против Кина (89:69).

Кинезите немаа решение за шутерски расположениот противник. Јужен Судан погоди 15 тројки од 30 обиди.

Карлик Џонс уште еднаш беше најефикасен со 21 поен и шест асистенции. Куани имаше 16, Омот 14, Шејок 13 и Денг 12.

Кина ја предводеше Андерсон со 22 поени, пет скока и три асистенции.

Можете да прочитате

Белингем прогласен за најдобар играч минатата сезона во Примера од страна на Здружението на фудбалери на Шпанија

Дебакл на Јокиќ и Нагетс среде Денвер

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија