Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Заедно да ја промениме грдата слика на секојдневието и се избориме за иднина

Мицкоски: Владата на СДСМ и ДУИ им се одмаздува на охриѓани бидејќи дадоа поддршка на Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ во 2021 година

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

dobivaj vesti na viber

„Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани им го честитам големиот празник Успение на Пресвета Богородица. Воедно го честитам и денот на рударите кои се одбележува денес.

Денес е денот кога сите ние треба да си спомнеме за христијанските вредности кои со векови се дел од нашата традиција и вера. Љубовта кон ближните, но и хуманоста се темелите на нашата духовност, бидејќи тие не учат дека треба да жртвуваме дел од нас, да бидеме трпеливи и истрајни, за да направиме подобро денес и подобро утре за нас, но и за нашите идни поколенија. Искушенијата и предизвиците се дел од секој пат, но сплотени заедно можеме сите нив да ги надминеме“, рече Мицкоски.

„Денес многу македонски семејства ја споделуваат тешката судбина на несигурност, сиромаштија и одземена иднина.

Ако криминалот и корупцијата ги ништат темелите на нашиот дом, тогаш мораме одлучно да се справиме со нив. Ако отуѓеноста и апатијата ни се закануваат, тогаш заедничкиот патриотизам и проактивноста на секој од нас мора да биде одговорот со кој ќе се спротивставиме.

Македонските рудари се соочуваат со бројни проблеми и тешки услови за работа. Тоа мора да се промени. Потребни се достоинствени услови за работа и платен труд.

Заедно да изградиме подобро и праведно општество. Ќе донесеме иднина за секој еден човек. Заедно да ја промениме грдата слика на секојдневието и се избориме за иднина.

За многу години празникот Успение на Пресвета Богородица. Нека Бог и нашата заштитница Мајката Божја ја штитат Македонија“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ