Утрински Весник
Македонија

Традиционална крводарителска акција за Голема Богородица

Традиционална крводарителска акција за Голема Богородица

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, денеска, традиционално, по 21-ви пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

dobivaj vesti na viber

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати.

Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 20 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4391 единици крв, или во просек 220 крводарители по акција.

Можете да прочитате

Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведено едно лице

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати

Во Охрид Централна свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата