Утрински Весник
Свет

Ја претркал колоната и завршил под цистерна: кај Златибор загина брачен пар од Белград, девојчињата се тешко повредени

Ја претркал колоната и завршил под цистерна: кај Златибор загина брачен пар од Белград, девојчињата се тешко повредени
Dik 300x250 mk

Во денешната сообраќајка што се случи на патот Ужице – Златибор, на Ложионскиот мост загинаа Драгослав С.(65) и Зорица С.(64) од Белград, додека двајца малолетни патници на возраст од 11 и 9 години со тешки повреди се пренесени во болницата Ужице, дознава Нова.рс.

dobivaj vesti na viber

Според првите неофицијални информации, до несреќата дошло кога Драгослав С. излегол од колоната од правец на Златибор и преминал на спротивната страна, кога неговиот автомобил Шевролет прелетал директно под цистерната.

На лице место на повредите им подлегнале Драгослав и Зорица С., додека двете девојчиња се пренесени во болница.

Истрагата е во тек, а сообраќајот се уште е во прекин.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник