Утрински Весник
Македонија

(Видео) Динески: СДСМ презема иницијатива за буџет на Битола по мерка на граѓаните

(Видео) Динески: СДСМ презема иницијатива за буџет на Битола по мерка на граѓаните

„На предлог на СДСМ и коалицијата, Советот на Општина Битола донесе одлука со која започнуваат со работа работните групи кои ќе го изработат ребалансот на буџетот. Во него ќе бидат содржани сите амандмани што советниците ги изгласаа едногласно пред повеќе од еден месец, а кои градоначалникот Тони Коњановски не сакаше да ги вклучи во буџетот на општината“, рече денеска на прес-конференција Менде Динески, координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола.

dobivaj vesti na viber

„Инаетот на Коњановски уште еднаш е поразен во општинскиот совет на Битола. Битолчани ќе добијат буџет со проекти за изградба на капитални објекти, а не желботека на Коњановски и ДПМНЕ за задоволување на нивните лични и партиски интереси! За својата неспособност Коњановски ги обвинува советниците. Се расправа со неистомислениците и нема никаков капацитет за соработка во интерес на Битола. На општинската администрација ѝ забрани да комуницира со нас, советниците без негово одобрување. Негови најблиски соработници се закануваат на советници. Тоа е вистинското лице на Коњановски и ДПМНЕ! Во Битола се вратија најцрните денови на груевизмот“, вели Динески.

Можете да прочитате

Вучиќ–Сиљановска Давкова: Србија и Северна Македонија можат да понудат многу во лозарството и туризмот

Шумски пожар над охридските села Куратица и Опеница, на терен дејствуваат три ер-трактори

ДУИ да одговори – дали за време на нивните патувања избегнуваат скенери, вели Таравари