Утрински Весник
Спорт

Австралија ја растури Финска, а Црна Гора, Мексико, Италија се мачеа против Англоа

Австралија ја растури Финска, а Црна Гора, Мексико, Италија се мачеа против Англоа

Три натпревари го отворија Светското првенство во кошарка, чии домаќини се Филипни, Индонезија и Јапонија. Убедливи победи на стартот забележаа Австралија и Црна Гора, додека Италија во последната четвртина успе да ја скрши Ангола.

dobivaj vesti na viber

Во првиот меч во Е-групата, Австралија ја победи Финска со 98:72. Одлична кошаркарска претстава видоа навивачите во Окинава каде Австралијците ја оправдаа улогата на фаворити и убедливо ја победија Финска. Финците се држеа до средишницата на вториот период, кога имаа предност од осум поени. Сепак „кенгурите“ успеаја да се вратат, на полувреме имаа предност од пет поени, а во второто полувреме го декласираа противникот.

Одличен беше Пети Милс со 25 поени и осум скока, Џош Гиди имаше 14 поени, девет скока и осум асистении, а двоцифрени со 13, односно 10 поени беа Џон Инглс и Данте Ексум .

Лаури Марканен ја предводеше Финска, што беше и очекувано, а мечот го заврши со 19 поени, осум скока и четири асистенции, додека Сасу Салин постигна 13 поени, од кои 10 во првото полувреме.

Италија во А-групата, три четвртини се мачеше со Ангола, на крајот азурите ја забележаа очекувата победа. До победата 81:67, Италија ја предводеа Симоне Фонтекио со 19 поени и пет скока и Стефано Тонут со 18 поени. 19 поени за Англоа постигна Дундао.

Мундобаскетот со победа го започна и Црна Гора. Во Д-групата, Црногорците го победија Мексико со 91:71. Мексиканците успеаја да им парираат на Црногорците само во првиот период (19:19). Во останатите три четвртини немаа решение за Никола Вучевиќ. Кошаркарот на Чикаго Булс натпреварот го заврши со 27 поени и девет скока, Кендрик Пери постигна 16, а Никола Ивановиќ 14 поени.

Кај Мексико се издвоија Пако Круз со 16 и Џошуа Ибара со 13 поени.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига