Утрински Весник
Спорт

Севилја постигна договор со Борна Соса

Севилја постигна договор со Борна Соса

Борна Соса е на чекор до трансфер во Севилја. Клубот од Андалузија ги финализира последните детали од зделката. Хрватот на „Рамон Санчез Писхуан“ доаѓа како замена за Маркос Акуња. Аргентинецот кариерата ќе ја продоли во Нотингем Форест.

dobivaj vesti na viber

Севилја експресно реагираше на пазарот, откако Акуња по три сезони реши да го напушти клубот. Акуња одигра 126 натпревари за Севилја, постигна пет гола и забележа 13 асистенции. Со клубот ја освои Лига Европа.

Замената за Акуња Севилја ја најде во Бундес лигата. За трансферот на Соса, Севилја ќе плати само седум милиони евра. Севиља направи одлична зделка бидејќи Соса (25) е во своите најдобри години, а имаше и цврст договор со Штутгарт до 2025 година.

„Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на го цени на 12 милиони евра.

Можете да прочитате

Мурињо ги отфрли гласините за Роналдо во Фенербахче

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП