Утрински Весник
Спорт

„Жоао Феликс не сака повеќе да игра за Атлетико“

„Жоао Феликс не сака повеќе да игра за Атлетико“

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо изјави дека Португалецот Жоао Феликс повеќе не сака да игра за клубот од Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Феликс пристигна во Атлетико во 2019 година од Бенфика за 127 милиони евра, а вториот дел од минатата сезона го мина на позајмица во Челзи.

Португалскиот фудбалер сака да го напушти Атлетико.

„Во целата приказна, едно е јасно како ден. Жоао повеќе не сака да игра во Атлетико“, рече Серезо.

Интерес за Феликс покажа Барселона.

„Дали другите клубови го сакаат Жоао е сосема друга работа. Тој не го сака Атлетико“, истакна Серезо.

Феликс има договор со Атлетико до јуни 2027 година.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига