Утрински Весник
Спорт

Исландски репрезентативец осомничен за сексуално насилство

Исландски репрезентативец осомничен за сексуално насилство

Исланскиот фудбалер Алберт Гудмундсон се соочува со обвинение за сексуално насилство, соопшти „Ла Република“. Против напаѓачот на Џенова е поднесена жалба од жена која што тврди дека била сексуално злоставувана од исландскиот репрезентативец. Фудалерот засега ги отфрла обвиненијата.

dobivaj vesti na viber

Додека трае истрагата, фудбалерот нема да смее да настапува за националниот тим.

Пред две недели се појавија информации за неколку случаи на сексуален напад со исландски државјани. Една жена открила дека во 2017 година била нападната од двајца фудбалери на Исланд во дискотека во Рејкјавик. Откако одбила да биде со нив, госпоѓата била удрена со тупаница и била фатена за врат. Заминала на лекар каде што добила потврда за повредите.

Можете да прочитате

“Надал е „виновен“ за златото што го освои Ѓоковиќ на ОИ“

Македонските кајакари денес ќе настапат СП во Шпанија

Реал против Аталанта во Суперкупот на УЕФА