Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Авионот на Пригожин не покажувал никакви знаци на неволја до последните 30 секунди, потоа нагло почнал да губи висина

Авионот на Пригожин не покажувал никакви знаци на неволја до последните 30 секунди, потоа нагло почнал да губи висина
Img 7972

Авионот „ембраер легаси 600“, во кој патуваше шефот на платениците на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, не покажал знаци на неволја додека не почнал бргу да ја губи висината во последните 30 секунди, според податоците за следење на летот.

dobivaj vesti na viber

„Росавијација“, руската агенција за воздухопловство, рече дека Пригожин, кој го предводеше бунтот во јуни, бил еден од 10-те луѓе во авионот. Тој патувал од Москва кон Санкт Петербург кога се урна во близина на селото Куженкино во областа Твер, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.

Во 15.19 часот по Гринич леталото направи „ненадејна вертикала надолу“, рече Јан Петченик од „Флајтрадар 24“. Во рок од 30-ина секунди, леталото, кое било 8,5 километри во воздухот, изгубило повеќе од 2.400 метри височина за 30-ина секунди.

„Што и да се случи, се случи бргу“, рече Петченик, според „Ројтерс“.

Пред тоа драматично губење на висината „немаше индикации дека нешто не е во ред со авионот“, рече тој.

На видеото се гледа како авионот бргу се спушта со носот насочен речиси право надолу и од него излегува чад.

Руските истражители почнаа кривична истрага за да утврдат што се случило. Некои неименувани извори изјавија за руските медиуми дека веруваат оти авионот бил соборен со една или повеќе проектили „земја-воздух“. „Ројтерс“ не можеше да го потврди ова.

Бразилскиот производител на авиони „Ембраер СА“ соопшти дека не обезбедил никаква услуга или поддршка за авионот, кој има 13 седишта, во последните години.

Во соопштението компанијата наведе дека ги почитува меѓународните санкции наметнати на Русија. Луксузниот авион беше идентификуван на „Флајтрадар 24“ со регистрација RA-02795, исто како и авионот што го превезуваше Пригожин во Белорусија по бунтот, рече извор од индустријата запознаен со ова прашање.

Интернет-тракерот за летови „Флајтрадар 24“ последен пат ја забележал позицијата на авионот во 15.11 часот пред падот.

„Флајтрадар 24“ рече дека авионот поминал низ серија искачувања и спуштања по неколку илјади метри за 30 секунди пред катастрофалниот пад.

Можете да прочитате

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати