Утрински Весник
Свет

(Видео) Путин се обрати на БРИКС: Прашањето за единствена валута е сложено, но ние се движиме во таа насока

(Видео) Путин се обрати на БРИКС: Прашањето за единствена валута е сложено, но ние се движиме во таа насока

Рускиот претседател Путин преку видео врска се приклучи на конференцијата во Јоханесбург, каде што се одржува самитот на лидерите на блокот на водечките земји во развој – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Во оваа прилика тој зборуваше кратко, без да го спомене името на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

dobivaj vesti na viber

Тој му се заблагодари на јужноафриканскиот претседател за неговото гостопримство.

Тој, исто така, рече дека му е мило што шест нови земји – Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Иран, Аргентина, Египет и Етиопија – се официјално поканети да се приклучат на БРИКС.

„Како што се излезе на крај, работата не беше лесна, а претседателот Рамафоса покажа неверојатна дипломатска вештина во координирањето на сите позиции, вклучително и оние поврзани со проширувањето на БРИКС“, рече рускиот лидер на завршниот состанок на лидерите на БРИКС во Јоханесбург.

Според него, прашањето за единствената валута БРИКС е сложено, но „се движиме во таа насока“, рече рускиот лидер.

За време на синоќешното појавување, кое следеше веднаш по падот на авионот во кој беше Пригожин, тој им се обрати на граѓаните на концертот посветен на 80-годишнината од победата во битката кај Курск, исто така без да го каже името на Пригожин.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата