Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Хас Ф1 ги задржува Хилкенберг и Магнусен и во 2024

Хас Ф1 ги задржува Хилкенберг и Магнусен и во 2024
300x250 opst2

Американскиот Ф1 тим, Хас, потврди дека Германецот Нико Хилкенберг и Данецот Кевин Магнусен остануваат нивни возачи и следната сезона во обид со континуитет да се доби на перформанси.

dobivaj vesti na viber

„Имаме екстремно солидно партнерство меѓу нашите возачи и навистина не гледавме зошто би го менувале тоа“, потврди шефот на тимот, Гинтер Штајнер.

Магнусен направи изненадувачки камбек во Ф1 во 2022 кога Хас го отпушти својот руски возач Никита Мазепин, додека Хилкенберг, кој беше без место во Ф1 од 2019, се врати оваа сезона по отпуштањето на Мик Шумахер. Хилкенберг ги оправда очекувањата, победувајќи го редовно Магнусен во квалификациите и остварувајќи го најдобриот пласман, седмото место во Австралија.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица