Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес ја погоди Турција: Епицентарот во веќе разурната област

Нов силен земјотрес во Турција, почувствуван и во Сирија

Силен земјотрес утрово ја погоди провинцијата Малатија во Турција, која веќе беше разурната при силните потреси во февруари.

dobivaj vesti na viber

Иако првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од пет степени според Рихтеровата скала, ЕМСЦ наведува дека е регистриран со јачина од 4,7 степени.

Според првите информации, епицентарот бил во близина на Малатија, која беше разурната од силните земјотреси кои се случиле во февруари. Земјотресот е регистриран на длабочина од седум километри.

Се уште нема информации за штетата.

Малатија е една од 11-те турски провинции кои на 6 февруари беа погодени од два земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер. Околу 14 милиони луѓе во Турција беа погодени од тие земјотреси, како и многу други во северна Сирија.

Можете да прочитате

Нови податоци: Најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг (ВИДЕО)

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп