Утрински Весник
Македонија

На Табановце и Богородица се чека околу половина час

(Видео) Гужви на „Богородица“, колони возила чекаат влез во Грција

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Албанска лига е новото име на партијата на Села, најавена нова политичка офанзива

Седум пријави и четири уапсени лица за семејно насилство

Кривична пријава за група битолчани кои „ловеле педофили“