Утрински Весник
Спорт

Ларкин и Вилбекин мора да објаснат зошто не играле за Турција

Ларкин и Вилбекин мора да објаснат зошто не играле за Турција

Кошаркарската репрезентација на Турција не успеа да се пласира во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Париз. Турците, беа домаќини на претквалификацискиот турнир, но во финалето доживеаја убедлив пораз од Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Овој пораз го вклучи алармот во националниот Сојуз, бидејќи Турција ќе го пропушти и Светското првенство кое ќе започне на 25.август.

Натурализираните Американци, Шејн Ларкин и Скоти Вилбекин се означени како главни виновници за нуспешните олимписки претквалификации. Двајцата летово одбија да играат за Турција.

Турскиот новинар, Умит Авџи вели дека Турската кошаркарска федерација побарала од двајцата, во следните 24 часа да објаснат зошто летово не ја претставувале својата земја. Тој не ја исклулува можноста Ларкин и Вилбекин да бидат казнети.

Вилбекин играше за Турција на Светското првенство во 2019 година, Ларкин беше во составот на Евробаскетот 2022 година и двајцата се појавија во квалификациите за Светското првенство.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига