Утрински Весник
Македонија

Кривична за кавадарчанец: украл чанта со пари и банкарска картичка која не успеал да ја искористи а одзел и два мобилни телефони

Гостиварец потрошил над 2.000 евра од туѓа платежна картичка

ОВР Кавардаци поднесе кривична пријава против С.Н.(39) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“ и едно кривично дело „обид за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

dobivaj vesti na viber

На 24.07.2023 на улица „Прилепска“ во Кавадарци, од товарно возило „ивеко“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на Д.С. од с.Криволак, неготинско, пријавениот одзел чанта со пари, дебитна банкарска картичка, лични документи и други предмети, по што истиот ден имал неуспешен обид да изврши електронска наплата со картичката.

Исто така, на 25.07.2023 на улица „Зелен Пазар“ во Кавадарци, од патничко возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот одзел два мобилни телефони.

Можете да прочитате

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег