Утрински Весник
Спорт

Артета за црвениот картон: Ќе мора да играме со стоперка

Артета за црвениот картон: Ќе мора да играме со стоперка

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ги предуперди своите фудбалери дека ќе мора да се прилагодат на новите правила за „крадење на времето“, но не е задоволен од црвениот картон што му беше покажан на Такехиро Томијасу на натпреварот со Кристал Палас.

dobivaj vesti na viber

„Топџиите“ славеа на гостувањето кај Кристап Палас со голот на Едегард од пенал, но најмногу се зборува за црвениот картон на Томијасу.

Сезонава судиите добија инструкции да бидат построг и да казнуваат кога ќе се „краде времето“ и кога фудбалерите ќе протестираат кај арбитрите. Статистиката покажува дека дури 14 жолти картони биле поделени во првите две кола за „крадење на времето“.

Што се случи на мечот Кристал Палас-Арсенал? Каи Хаверц ја држеше топката 15 секунди пред да го изведе аутот. не го направи тоа туку топката му ја додаде на Томијасу, кој ја држеше осум секунди и доби жолт картон. Неколку минути подцна Јапонецот го фаулираше Ају го дби вториот жолт картон и го заврши натпреварот.

„Ова се нови стандарди… Не знам колку време му требаше. Дваесет и три секунди? Не е точно. Мислам дека беа осум. Можеби ќе треба да играме со стоперка. Во ред е, победивме, среќен сум. Новите правила се едно, но начинот на кој се спроведуваат е нешто сосема друго. Ќе се адаптираме“, изјави Артета.

Можете да прочитате

Ливерпул на „мускули“ победи кај последно пласираниот Саутемптон

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1