Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Јапонија в четврток ќе почне со испуштање вода од Фукушима: „Нема да ја загрози животната средина“

Јапонија в четврток ќе почне со испуштање вода од Фукушима: „Нема да ја загрози животната средина“
Img 7972

Испуштањето на пречистената вода од оштетената нуклеарна централа Фукушима, во североисточна Јапонија, во Тихиот Океан треба да започне во четврток, доколку временските услови дозволуваат, изјави денеска јапонскиот премиер Фумио Кишида.

dobivaj vesti na viber

Овој план беше одобрен од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на почетокот на јули и Токио тврди дека нема да ја загрози животната средина и здравјето на луѓето. Но, операцијата, која ќе трае со децении, предизвикува голема загриженост и критики, особено од Кина.

Токио планира постепено да испушта повеќе од 1,3 милиони тони дождовница, подземна вода и вода за ладење на реакторот од Фукушима во Тихиот Океан, каде што започна фузија по цунамито во март 2011 година, што го опустоши североисточниот брег на земјата.

Оваа вода беше претходно третирана за да се отстранат радиоактивните материи од неа, освен тритиумот, кој не можеше да се извади со постоечката технологија. Само високите концентрации на тритиум се штетни за здравјето, велат експертите.

Тепко, операторот на Фукушима, планира да испушта вода во океанот до почетокот на 2050-тите, бидејќи максимумот што може да испушти дневно е 500.000 литри, со разредување за да се намали нивото на радиоактивност на водата од тритиум далеку под националните стандарди за категоријата.

Можете да прочитате

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати

Грета Тунберг „влечена по земја“ и „принудена да го бакне израелското знаме“ – сведоштва на активисти по акцијата во Газа

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје