Утрински Весник
Спорт

Сергеј Јакировиќ е нов тренер на Динамо Загреб

Сергеј Јакировиќ е нов тренер на Динамо Загреб
Dik 300x250 mk

Сергеј Јакировиќ е нов тренер на Динамо, објави хрватскиот шампион на официјалната веб-страница. Тој на клупата го наследи Игор Бишчан, кој денеска доби отказ и ќе го води тимот веќе во четврток против Спарта Прага во првиот натпревар од плеј-офот на Лига Европа. Неговата отштетна клаузула изнесува околу 100.000 евра кои Динамо немаше проблем да ги плати.

dobivaj vesti na viber

„Сергеј Јакировиќ е новиот тренер на Динамо. Поранешниот стратег на Ријека од денеска ќе го преземе кормилото на првиот тим, а на клупата на својот нов клуб ќе дебитира в четврток, на 25 август, против Спарта Прага во првиот натпревар од плеј-офот на Лига Европа. Со новиот тренер доаѓа нов стручен штаб кој досега работеше со Јакировиќ во Ријека“, соопштија од Динамо.

Динамо Загреб одлучи да го ракине договорот со Игор Бишчан по елиминацијата од АЕК Атина во квалификациите за Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја

Денвер предводен од Јокиќ го надигра Голден Стејт

Со натпревари во Куманово и во Струга стартува 13.то коло во ПФЛ