Утрински Весник
Магазин

Бритни и Сем не комуницираат по најавата за развод

Бритни и Сем не комуницираат по најавата за развод

Бритни Спирс и Сем Асгари не разговараат откога тој го напушти нивниот дом.

dobivaj vesti na viber

Сем (29) поднесе барање за развод од Бритни (41) минатата недела, претходно се исели од куќата, а сега инсајдер откри дека парот во моментот комуницира само преку своите адвокати.

„Таа не го пушта Сем во куќата, не зборуваат. Имаа проблеми веќе некое време и Сем, неверојатно, тешко ја поднесуваше целата драма во врска со Бритни“, изјави анонимен извор за „Ју-ес викли“.

Друг инсајдер тврди: „Интензитетот поврзан со Бритни го убиваше Сем, сепак тој се обиде да направи нивниот брак да успее. Тоа беше исцрпувачки, но неговата љубов никогаш не се поколеба. Тој само сака луѓето да ја разберат длабочината низ која минуваат“.

Во меѓувреме, Бритни, во својата прва изјава по разделбата од Сем, откри дека „не можела повеќе да ја трпи болката“.

„Како што сите знаат, јас и Сем повеќе не сме заедно… шест години се долго време да се биде со некого, така што јас сум малку шокирана, но… не сум тука да објаснувам зошто, бидејќи, искрено, тоа не е ничија работа“, напиша таа на „Инстаграм“.

„Не можев повеќе да ја поднесам болката. На некаков телепатски начин добивав толку многу пораки, кои ми го топат срцето, од пријателите и ви благодарам. Предолго покажувам дека сум силна и мојот ‘Инстаграм’ можеби изгледа совршен, но е далеку од реалноста и мислам дека сите го знаеме тоа“.

„Би сакала да ги покажам моите емоции и солзи за тоа како навистина се чувствувам, но поради некоја причина, секогаш морав да ги кријам моите слабости!!!“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста